среда, 23 октомври 2024

Зошто немаше средба со премиерот на Грција? Мицкоски вели, за тоа е потребна двонасочна улица

Зошто не дојде до средба на премиерите на Македонија и на Грција за време на Самитот на НАТО во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски во интервју за државната телевизија синоќа одговори дека жали што, како што нагласи, некои политичари се уште мислат на поделби, а не на обединување.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да нагласам дека ние сме подготвени да градиме добрососедски односи, но тоа мора да биде двонасочна улица. Заврши времето на политичари кои ја виткаат кичмата и го ограбуваат народот. Спремни сме за добрососедски односи без пречки, но повторно, тоа мора да биде двонасочна улица“, рече Мицкоски за МРТ.

Тој додаде дека во македонската Влада повеќе нема политичари кои од петни жили да се трудат да им удоволат на соседите.

„Повеќе за нивна жал, а за добро на македонските граѓани, во македонската влада нема да гледаат политичари кои се подготвени да ја виткаат кичмата, да го ограбуваат својот народ и од друга страна да се трудат од петни жили да им удоволат, без било каква аргументација, на соговорниците, во случајов нашите соседи. Ние сме подготвени со секого да градиме добрососедски односи. Тука немаме фрустрации, ниту има било каква пречка и бариера, но, повторно, тоа мора да биде двонасочна улица“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ