среда, 12 март 2025

Зошто е важно прво да го сончате лицето: Моќта на сончевата светлина за утринска енергија

Утринското сонце не е само пријатно – тоа игра клучна улога во регулирањето на вашиот внатрешен часовник, познат како деноноќен ритам.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Кога наутро го изложувате лицето на сончева светлина, му сигнализирате на мозокот дека е време да се разбудите и го стимулирате лачењето на кортизол, хормон кој ви дава енергија и ви помага да се разбудите.

Изложеноста на природна светлина, исто така, го зголемува производството на серотонин, хормонот на среќата, кој не само што го подобрува расположението туку и го олеснува производството на мелатонин, хормонот за спиење.

Затоа е важно да поминете најмалку 10 до 15 минути надвор или покрај прозорец веднаш по будењето.

Друга придобивка од утринското сончање е подобрена синтеза на витамин Д, кој е важен за здравјето на коските, имунитетот и расположението.

За да го искористите најдоброто од утринското сонце, обидете се веднаш да не се потпирате на вештачка светлина и телефони.

Наместо тоа, отворете прозорец или излезете на терасата за природно да го разбудите вашето тело и ум.

Затоа, следниот пат кога ќе се разбудите, не заборавајте – наместо веднаш да посегнете по телефонот, сончајте го лицето и започнете го денот со повеќе енергија и насмевка на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ