Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“, се вели во соопшението од МВР.
Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изразил благодарност до Фондацијата Заев и посочи дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.