четврток, 26 декември 2024
Реакција

ЗНМ и ССНМ со осуда за непримерната комуникација кон новинарот Срѓан Стојанчов

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја изразува својата загриженост и ja осудува секоја форма на непримерна комуникација или јавен притисок кон новинарот Срѓан Стојанчов од ТВ Телма, кој известуваше за процесот на избор на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Објавено на

часот

Сподели

„Непримерната и групна комуникација следеше по објавата на текстот ‘Втор обид за функција за Верзиволи и актуелна локална советничка кандидат за Советот на ААВМУ’ на веб-страницата на ТВ Телма, каде профил именуван како Фаик Демири на крајно навредлив и непримерен јазик изразува незадоволство за третираната тема. Според колегата Стојанчов, кој денеска го извести ЗНМ дека на социјалните мрежи добил навредливи и крајно омаловажувачки коментари од страна на блиски роднини на потенцијалните кандидати за јавни функционери кои претендираат да бидат членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, главно тело за регулација на медиумите во земјава. Секоја форма на притисок, навреда или омаловажување кон новинарите, особено кога е упатена од јавни лица или функционери, претставува напад врз слободата на медиумите и демократијата“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Новинарите имаат право и должност да известуваат за прашања од јавен интерес, особено кога тие се поврзани со именување на јавни функционери или одлуки кои влијаат на јавноста и медиумското опкружување во земјата. Нивната работа треба да биде заштитена од притисоци и закани кои можат да влијаат на слободата на изразување и демократското функционирање на институциите.

ЗНМ останува посветено на заштита на новинарите и слободата на медиумите и ќе продолжи да ги следи сите обиди за притисоци или манипулации насочени кон новинарите.

И Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ги осудува денешните закани, заплашувања и обиди за замолчување насочени кон новинарката на Сакам да кажам, Соња Колевска-Делевска и кон новинарот на телевизија Телма, Срѓан Стојанчов.

„Новинарот Стојанчов по објавување на текст за кандидатурата на Афрона Верзиволи за избор во Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги во приватна порака добил сериозни закани и заплашувања проследени со пцости од профилот на извесен Фаик Демири, кој се совпаѓа со името на братот на Адриан Демири, сопруг на Верзиволи и прв човек на огранокот на Алијанса на Албанците во Липково. Ваквите закани особено кога доаѓаат од лица блиски на политички или партиски функционери се недозволиви и претставуваат сериозен обид за замолчување на новинарите, предизвикуваат несигурност и се сериозен потенцијал за автоцензура. Во вториот случај новинарката Колевска-Делевска додека ги извршувала секојдневните работни задачи во Собранието, односно му поставувала прашања на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, директно била попречена од пратеникот Драган Ковачки со обвинување дека снима. Иако телефонот на Колевска-Делевска не бил вклучен на снимање (што и не би било чудно за работата на новинар кога поставува прашања), Ковачки продолжил да ја попречува работата и да го извлекува Христовски од разговорот повторувајќи ги обвинувањата. ССНМ смета дека крајно непрофесионално и недозволиво е избрани лица кои ги претставуваат граѓаните во Собранието да се однесуваат на ваков начин со новинарите и тие треба да бидат свесни за потребата од транспарентност и отвореност кон медиумите, а со тоа и кон граѓаните“, велат од ССНМ.

Потенцираат дека ваквите навреди и обиди за замолчување на новинари се недопустливи во едно демократско општество и се сериозен удар за слободата на медиумите.

ССНМ за овие инциденти ќе ги извести Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари чијшто член е.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ