среда, 4 декември 2024
Став на новиот партиски лидер

ЗНАМ се позиционира од центар кон лево со десничарски патриотски ставови, вели Димитриевски

Максим Димитриевски, лидерот на новата политичка партија ЗНАМ во гостување на МРТВ изјави дека се позиционираат од центар кон лево, а дека самиот тој е социјалдемократ, но во еден дел има десничарски патриотски ставови. 

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум човек со патриотски чувства, се состанав заедно со свои истомисленици, сметам дека Македонија е загрозена како никогаш досега во однос на својот идентитет, а ако не постои идентитетот и јазикот, не постои ни државноста. Ние сме една од ретките држави на која се обидоа да ѝ импутираат мултиетничка држава како уредување, а не мултиетничко општество“, рече Димитриевски. 

Димитриевски за себе вели дека идеолошки се дефинира како социјалдемократ.

 „Апсолутно – да, во однос на социјалните, економските и сите останати политики, јас сум социјалдемократ, но не либерален социјалдемократ, туку социјалдемократ кој дава еднакви права и можности, но првенствено доколку сакате да користите социјална или друга помош од државата, која е должна да ви обезбеди, ќе мора и да го заслужите тоа“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ