„Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ЕМ РАСПОЛОЖЕНИ – ЕМ ЗАДОЛЖЕНИ!.
Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу нè интересира – жирант за добрата забава е Радио Бубамара.
Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека Златна бубамара е вистинска архива за нашата култура се уверуваме и деновиве при секое репостирање на ‘ѕвездените моменти’ од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомнува и ги коментира“, се вели во соопштението од организацијата на манифестацијата.
Исто така, од организацијата на „Златнат бубамара на популарноста“ најавуваат уште еден незаборавен спектакл – оваа година во траење од само 3 часа и за тие што не знаат, потсетуваат дека сè уште има шанси да дојдат до билети. Пуштени се во онлајн – продажба на https://mktickets.mk/ или во традиционална продажба во цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.