„Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.
Согласно потребите на потрошувачите и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствен план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните“, се вели во соопштението.