среда, 25 декември 2024

Жителите од планинските места навремено да се снабдат со намирници и лекови, апелира ЦУК

Жителите кои живеат на повисоките планински места да се снабдат навремено со потребни намирници и лекови со оглед на тоа дека нѐ очекува период на врнежи од снег и можност од отсекување на одредени села кои се на повисока надморска височина, се наведува во апелот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) испратен утрово до јавноста. Од Македонија пат информираа дека е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Кичево-Охрид преку превојот Пресека.

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така, ги потсетуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР. Потсетување до граѓаните и на бесплатниот телефонски број за итни повици 112 на кој можат да пријават настани или случувања кои преставуваат ризик или опасност по животот на луѓето и матерјалните добра“, велат од ЦУК.

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2209 повици. Од нив „реални“ повици биле 1440, а остантите 769 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 305 , кон итната медицинска помош 69, кон пожарникарите 4 или и кон ЦУК 50 од вкупно примените повици во изинатите 24 часа. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (ЦУК).

Од Македонија пат информираа дека е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Кичево-Охрид преку превојот Пресека.

Поради врнежи од снег сѐ уште е на сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Р1303, Прилеп – Македонски Брод, и на патните правци Дебар – Маврово и Тетово – Попова Шапка, патен правец на кој има забрана за движење за товарни возила, а за сите останати видови возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ