петок, 18 октомври 2024

Жителите на Карпош можат да го повикаат Нула отпад за да ги собере старите електрични апарати

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од Општина Карпош се вели дека деновиве ред главниот влез на Скопје сити мол беше пуштена во употреба првата „еко – зона“ во Карпош, каде што беше поставен специјален сад за одложување на помали електрични уреди и електронски отпад.

По еден специјален сад е поставен на плоштадот „Делфина“ во Влае, кај Тинексот во Карпош 4, на пазарчето во Тафталиџе 2, во близина на маркетот Веро кај Млечен, кај Тинексот кај Драмскиот факултет, пред Сити Мол, во рамки на плоштадот Млечен, во Т.Ц „Лептокарија“ и еден сад во училишниот двор на гимназијата Нова.   

Станува збор за придвижување на поголема организирана акција, која вклучува и собирање на габаритен отпад од домовите на жителите на Карпош. Имено, граѓаните имаат можност да го пријават својот електричен и електронски отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство), на т.н „еко – линија“ на бројот 070 236 000. Тоа можат да го сторат кај назначените координатори кои се наменски определени за урбаните заедници во Карпош, по што, екипите на „Нула Отпад“ организираат собирање на овој специјален отпад, директно од домовите на граѓаните.

„Ги повикувам граѓаните да се приклучат кон оваа акција, на начин што ќе го пријават електричниот и електронскиот отпад, но, исто така можат  да се ослободат од малите неисправни уреди како и  батериите, фрлајќи ги во наменските садови, кои се поставени на девет локации во општина Карпош“, изјави .Директорот на Нула отпад, Марјанчо Дамески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ