Како што пишува Свисинфо, повеќето парламентарци сметале дека зголемување било одамна потребно. Тие кажале дека од последното прилагодување во 1998 година обемот на работата во локалниот парламент значително се зголемил.
Новиот правилник предвидувал 125-те членови на парламентот да примаат основен паушален износ од 940 евра месечно, наместо досегашниот месечен износ од 245 евра. Покрај тоа, би биле компензирани со 1,13 евра за секоја минута присуство на седница на советот.
Предлог законот беше ставен пред гласачите бидејќи социјалдемократите, зелените, либералите, центристите и левичарите, сите кои гласале за зголемување во локалниот парламент, заедно иницирале парламентарен референдум. Тие сакале населението да ја донесе конечната одлука, но не баш доброволно – десничарската Швајцарска народна партија се заканила со иницирање референдум против предлогот.
Заедно со Раликално-либералната партија, Народната партија се спротивставила на зголемување на платите. Според Радикално-либералната партија, новите плати се целосно претерани, додека Народната партија ги нарече „бесрамни и непристојни“.