Во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа, стои во соопштението на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.