недела, 22 декември 2024

Жесток израелски напад на Либан, расте бројот на мртвите; Хезболах најави одмазда (ВИДЕО)

Израел изврши бран оружени напади на Либан откако една жена загина а повеќе луѓе беа повредени во ракетен напад на северен Израел. Либанските медиуми јавија дека се погодени неколку града и дека горат згради. Израел објави дека во либанските напад е убиен припадник на израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Едно лице загина, а осум се повредени во ракетен напад на северниот израелски град Сафед“, кажа директорот на главната израелска организација за итни интервенции. Ели Бин, генералниот директор на Маген Давид Адом, кажа дека за време на пребарувањето на погодената зграда било најдено тело на жена.

Хезболах, за кој се верува дека го извршил нападот, не презема одговорност. Двете страни редовно разменуваа оган преку северната граница на Израел од почетокот на израелската војна во Газа на 7 октомври.

„Борбени авиони почнаа опсежен бран напади на либанска територија“, напиша портпаролот на Израелските одбранбени сили Даниел Хагари на социјалната мрежа Икс.

Хагари кажа дека војската ќе објави повеќе детали за своите најнови воздушни напади во претстојните часови. Нападите од Либан биле насочени кон северната команда на израелската војска.

Војската потоа објави нови детали на нападот. „Борбените авиони на ИДФ нападнаа низа терористички цели на Хезболах во областите Џабал ел Браиџ, Хунех, Дунин, Адчит и Сунаех. Меѓу погодените цели се воени комплекси, оперативни контролни центри и терористичка инфраструктура на Хезболах“, се наведува во соопштението.

Во нападите се убиени четири лица, а ранети десетина, кажаа два либански безбедносни извори.

Хезболах објави дека во нападите е убиен еден нивен борец. Претставник на Хезболах порача дека денешните израелски напади на либанска територија „не можат да минат без одговор“.

Илана Стајн, портпаролка на израелската влада, на новинарите им ја потврди информацијата за нападите на Либан.

„Отсекогаш јасно истакнувавме дека Израел не е заинтересиран за војна на два фронта, но ако бидеме испровоцирани, жестоко ќе одговориме. Сегашната ситуација со многу раселени Израелци кои не можат да се вратат дома, е неподнослива. Мора да можат да се вратат дома и да живеат во мир и безбедност“, кажа таа.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека ракетниот напад од Либан значи војна.

Хезболах, шиитска исламистичка организација, е една од најсилните недржавни воени сили во светот. Го формираше во раните 1980-ти доминантната шиитска сила во регионот, Иран, за да му се спротивстави на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ