„Поради студот, заедно со симптомите на настинка што се манифестираа последниве денови, папата Франциско утре ќе се моли од капелата Каза Санта Марта (неговата резиденција во Ватикан)“, се вели во соопштението.
Ватикан додаде дека одлуката е донесена и земајќи ги предвид „обврските планирани за следната недела“.
Следната недела ќе биде напорна за 88-годишниот папа, бидејќи ќе ја служи божиќната миса, а на католичкиот Божиќ во вторник ќе ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар, обележувајќи го почетокот на јубилејната година на Католичката црква.
В среда, на Божиќ, покрај мисата, папата ќе ја пренесе и традиционалната порака „До градот и светот“ (Urbi et orbi).