петок, 25 октомври 2024

Жена со автомобил удрила полицаец во обид да избега при претрес заради хеорин

Во Гази Баба еден полицаец бил удрен со возило од 26 – годишна жена од Орланци која се обидела да избега откако таа и уште една жена биле затекнати на место каде се вршел претрес. На настанот преходело приведување на лице од Скопје кај кого бил пронајден хероин за продажба.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје.

По преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин.

Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба бил извршени претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат.

Едната од нив со патничко возило сеат леон со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето  А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.
По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215  и 383 од КЗ“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ