среда, 5 февруари 2025

Жан Тод: Редовно го гледам Михаел Шумахер

Еден од малкумината кои имаат пристап до легендарниот формула 1 возач, Михаел Шумахер, е поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 11 години јавноста нема информации за состојбата на Михаел Шумахер кој доживеа трајно оштетување на мозокот додека скијаше во Франција во последните денови од 2013 година.

Неговорот семејство одлучи во тајност да биде состојбата на Шумахер, а пристап до него имаат само членови на фамилијата и блиски пријатели, меѓу нив е и Жан Тод.

„Семејството одлучи да не одговара на прашање за неговата состојба и јас го почитувам тој избор. Редовно го гледам Михаел и неговото семејство, нашата поврзаност е над некогашната деловна соработка, тие се дел од мојот живот“, изјави Тод.

Неодамна светските медиуми објавија информации дека Шумахер присуствувал на венчавката на неговата ќерка, но во јавноста немаше фотографии од тој настан. Изјавата на Тод секако значи дека Михаел е контактибилен и дека може да оствари комуникација со околината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ