петок, 20 декември 2024

Жалба на одлуката за притвор од адвокатот на Артан Груби

Адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“, поднел жалба на одлуката за притвор, потврдија од Кривичен суд-Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од Кривичен суд – Скопје велат дека одлука ќе се донесе во следните денови.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија. Јавното обвинителство претходно соопшти дека ќе побара од МВР да распише потерница по Груби и Бајрами, на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена, а кои моментално се недостапни за органите на прогонот.

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Лотарија, Бајрами, во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија. Информацијата вчера за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата, туку веќе неколку месеци живее надвор од земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со бегството на Груби, од Брисел порача дека со самото тоа што некој е бегалец и е недостапен на органите на прогонот, тој само потврдува дека е виновен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ