„Врз основа на сите достапни податоци, опасноста од цунами помина”, се наведува во соопштението на Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.
Силен земјотрес со магнитуда 7,7 ја погоди денеска областа во Тихи Океан југоисточно од Нова Каледонија, каде што населението е евакуирано подалеку од бреговите.
Потресот бил околу 300 километри од Нова Каледонија, а предупредувањето за плимен бран било во радиус од 1.000 километри од епицентарот, пренесува АФП.
Послаб плимен бран стигна и до бреговите на Вануатуа.