Леброн Џејмс е под договор со ЛА Лејкерс до крајот на сезоната, но постои можност да го напушти клубот во следните 5-6 дена.
Новинарот Дејвид Пингалор објави дека „езерџиите“ сакаат да го трејдуваа Леброн Џејмс до крајот на преодниот рок (8. февруари).
Тој додаде дека агентот на „кралот“ е во потрага на вистинскиот тим и веќе има неколку опции.
Љубителите на кошарката во прв момент веста ја прифатија со доза на резервираност, но потоа забележаа дека новинарот Дејвид Пингалор точно информирал дека Леброн Џејмс пристигнува во ЛА Лејкерс во 2018, а не погрешил и кога објавил дека Кави Ленард се сели во ЛА Клиперс.