Вчера стотици трактори блокираа делови од Прага и го нарушија сообраќајот пред министерството за земјоделство, а нивните сопственици повикаа на одбивање на таканаречениот Зелен план на ЕУ, кој предвидува ограничување на употребата на одредени хемикалии кои се користат во земјоделството, но и на емисиите на штетни гасови.
Farmers in the #Czech capital are currently occupying the heart of Prague to express their dissatisfaction with environmental rules and the significant influx of agricultural products from Ukraine, which is disrupting local markets.
Reports suggest that Czech farmers intend to… pic.twitter.com/ODkh9gdtjZ
— Jack Straw (@JackStr42679640) February 19, 2024
Земјоделците тврдат дека предлозите на Брисел им го отежнуваат работењето, правејќи ги нивните производи поскапи и помалку конкурентни, особено во споредба со увозот од земји надвор од ЕУ, како од Украина.
Czech farmers protested in Prague today. While they claimed they did not support Russia, eventually, over 200 farmers and their tractors left because… the protest attracted pro-Russian forces, and anti-Ukrainian slogans in front of the government building shortly thereafter. pic.twitter.com/S17ulLj9wZ
— Iryna Matviyishyn (@IMatviyishyn) February 19, 2024
„Демонстрациите ги организираат оние кои, на пример, не ја кријат поддршката на Кремљ, и тежнеат кон други цели освен интересите на фармерите“, напиша Фијала на социјалната мрежа Икс и додаде дека чешката влада ќе разговара само со оние кои „вистински ги претставуваат земјоделците за тоа што му е потребно на нашето земјоделство“.
Тој напомена дека протестите во понеделникот во Прага не ги организирале најголемите организации на чешки земјоделци, како Аграрната комора, Земјоделската унија и Здружението за приватно земјоделство.
Овие три групи најави дека ќе одржат одвоени демонстрации против зелената политика на ЕУ во четврток, заедно со другите здруженија на земјоделци во другите земји членки на ЕУ.
Аграрната комора соопшти дека земјоделците своите трактори и друга механизација во конвои ќе ги возат до чешката граница, но истакна дека демонстрациите се симболични и дека нема да го попречуваат функционирањето на границата.
Земјоделците со месеци одржуваат протести во голем број земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска, Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Германија, Бугарија, Летонија и Словенија.
Демонстрантите бараат поголема државна помош за земјоделскиот сектор, помалку бирократија од Брисел, како и построга контрола на увозот од земји кои не се членки на ЕУ.