сабота, 27 јули 2024
Реакција

ЗЕЛС го осуди нападот врз градоначалникот на Арачиново

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија –ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, што се случи вчера на подрачјето на оваа општина.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЗЕЛС преку соопштение наведуваат дека сите градоначалници упатуваат жалење и до семејствата на вработените во општината кои во моментот на грозниот чин биле во придружба на градоначалникот и им посакуваат брзо закрепнување.

„Ова не е прв пат во нашата земја да се посегне по животот на градоначалник, токму при извршувањето на неговите работни обврски. Затоа бараме надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на случајот со цел ова никогаш повеќе да не се повтори. Уште еднаш, остро ја осудуваме оваа насилна практика на изразување на незадоволство од работата на градоначалникот и бараме да ни се дозволи своите надлежности да ги спроведуваме низ институционални постапки и процеси“, велат од ЗЕЛС.

Посочуваат дека ЗЕЛС останува и понатаму доследен на заложбите за продлабочување на процесот на децентрализацијата во нашата земја и спроведување на нови надлежности од страна на единиците на локалната самоуправа што ќе се извршуваат низ законски утврдени процеси и на транспарентен начин, со поддршка и во интерес на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ