петок, 18 октомври 2024

Зеленски жестоко го нападнал бугарскиот претседател, овој ги замолил новинарите да ја напуштат собата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Збунетиот бугарски претседател, видно изненаден од огорчувањето на Зеленски, ги замолил камерите да ја напуштат просторијата во претседателската палата каде се снимал состанокот. Зеленски примарно ја посети Бугарија за да се сретне со прозападно ориентираната влада на премиерот Николај Денков, која поддржува извоз на оружје во Украина а истражува и начини за продажба на цивилна нуклеарна опрема.

Состанокот со Радев, поранешниот началник на воздухопловните сили кој е повеќе наклонет кон Русија и е двосмислен околу НАТО, поминал полошо од очекуваното. Двете делегации седеле една наспроти друга, секоја на својата страна на долгата дрвена маса.

Украинската делегација била со камени лица, повремено правејќи гримаси и фаќајќи белешки, опишува Политико. Радев се обидел да им го објасни својот став дека нема воено решение и дека „сè повеќе и повеќе оружје нема да го решат проблемот“.

„Не дај Боже да ти се случи некаква трагедија и да си на мое место. А ако луѓето со заеднички вредности не помогнат, што ќе правите? Ќе кажете „Путин, те молам, зграпчи бугарска територија?“, зајадливо прашал украинскиот лидер.

„Не, ти како вистински претседател, сигурен сум дека не би дозволил компромис со својата независност. Ваше право е да не ја поддржите Украина. Но навистина би сакал правилно да ме сфатите“, продолжил Зеленски.

Бугарскиот претседател за време на овој настап на украинскиот лидер речиси непрекинато гледал во листовите со белешки.

Покрај тоа, Зеленски го критикувал Радев поради тоа што инвазијата на Москва главно ја опишувал како конфликт, а не како војна, и поради тврдењата дека војната се шири и „ја проширува својата територијална големина“. Ги отфрлил неговите сугестии за дипломатско решение истакнувајќи дека Кремљ почнал „војна на уништување против Украинците, а не против други земји“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ