сабота, 22 февруари 2025

Зеленски: За Киев сите преговори без негово учество ќе бидат ништовни и неважечки

Киев нема да признае никакви договори што би можеле да се постигнат меѓу Русија и САД за време на разговорите во Саудиска Арабија, изјави денеска украинскиот лидер Владимир Зеленски за новинарите. Украинската влада ќе ги признае само преговорите во кои се вклучени претставници на Киев, додаде тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Киев ќе ги третира сите преговори без негово учество како „ништовни и неважечки“, рече украинскиот лидер.

Русија и САД ги почнаа подготовките за средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп што треба да се одржи во Саудиска Арабија. Денеска во Ријад отпатуваа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Јуриј Ушаков, главниот помошник на Путин за надворешна политика, од руска страна, и шефот на американската дипломатија Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф од американска страна.

Украинскиот лидер рече дека Русија и САД имаат „билатерална патека за преговори“ и посочи дека во Украина сè уште може да се создаде безбедносна гаранција слична на таа од НАТО.

„Ако го немаме НАТО, тогаш, како што реков, фигуративно кажано, треба да се изгради НАТО во Украина“, рече тој, повикувајќи да се распореди „милионска“ европска армија во неговата земја.

Европските лидери се состануваат денеска во Париз за да разговараат за координиран одговор на американско-руските разговори во Саудиска Арабија и за сигналот на Вашингтон дека европската безбедност повеќе не е приоритет за Соединетите Држави.

Зеленски рече дека францускиот претседател Емануел Макрон му рекол дека штом овие разговори ќе завршат „во следните неколку дена“, Париз ќе му даде на Киев повеќе детали за потенцијалниот контингент европски трупи, пренесе Си-ен-ен.

Зеленски планира да ја посети и Саудиска Арабија в среда. Тој негираше дека неговото патување е на кој било начин поврзано со претстојните разговори Трамп-Путин или со состанокот на делегациите на САД и Русија, но рече дека за ова прашање ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ