петок, 18 октомври 2024

Зеленски: Војската бара уште половина милион луѓе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа вчера дека војската побарала мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе, но дека конечна одлука не е донесена. Украинскиот лидер на конференцијата за новинари во Киев кажа дека водечките воени и државни функционери ќе разговараат за „многу чувствителната тема на мобилизацијата“ и дека тоа ќе го разгледа и парламентот.

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски, како што пренесува Ројтерс, истакна дека спроведувањето мобилизација од такви размери бара дополнително финансирање. „Нивниот став е… предложија мобилизација на дополнителни 450-500 илјади луѓе. Тоа е сериозна бројка“, кажа Зеленски. „Кажав дека ми се потребни дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Бидејќи пред сè тоа е прашање на луѓе, прашање на праведноста, прашање на одбранбените капацитети и прашање на финансии“.

Тој кажа дека доколку биде донесена одлука за мобилизација од такви размери ќе бидат потребни дополнителни 500 милијарди гривни (13,5 милијарди долари).

Поранешниот украински министер за одбрана Олексиј Резников кажа минатото лето дека околу милион луѓе се вклучени во украинскиот безбедносен и одбранбен сектор.

Украина се надева дека ќе го покрие дефицитот на буџетот од 43 милијарди долари следната година, главно од странска помош, вклучувајќи 18,5 милијарди евра од Европската Унија и повеќе од 8 милијарди евра од американскиот пакет, кој вклучува и воена помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ