среда, 19 февруари 2025

Зеленски: Украина има мали шанси да преживее без поддршка на Америка (ВИДЕО)

Украина би имала многу тежок период на опстанок без воената поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) во одбрана од руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Веројатно ќе биде многу, многу, многу тешко. И, се разбира, знаете дека во сите тешки ситуации имате шанса, но ќе имаме мали шанси да преживееме без поддршката на САД“, изјави Зеленски за Ен-би-си њуз.

Украина, како што наведе тој, го зголеми военото производство, но не доволно за да го надомести она што би го изгубила без американската поддршка, пренесува Радио Слободна Европа.

Неговите коментари доаѓаат по телефонските разговори на американскиот претседател Доналд Трамп со Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на неделата.

Зеленски учествуваше на серија состаноци и прес-конференции на Минхенската безбедносна конференција во петокот, додека се интензивираат напорите за изнаоѓање решение за војната.

Зеленски во интервју рече дека не сака да размислува Украина да не биде стратешки партнер на САД, бидејќи тоа ќе го наруши моралот на Украинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ