„Украина е спремна да го прифати овој предлог – ние тоа го гледаме како позитивен чекор и спремни сме да го преземеме. Сега САД треба да ја убедат Русија да го направи истото“, порача тој на социјалната мрежа Икс.
Украина денес се согласи да прифати 30-днеден прекин на огнот во конфликтот со Русија за време на преговорите со американските функционери во Саудиска Арабија, соопштија двете земји во заедничка изјава.
Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека сега ќе ја пренесе оваа понуда на Русија и дека топката сега е кај Русија.
Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека се надева дека Русија ќе се согласи на планот за прекин на огнот кој го договориле американските и украинските функционери и дека ќе дојде до состанок на САД со Русија подоцна денес или утре, пренесува Ројтерс.