Зеленски, кој го најави своето патување преку Телеграм е во прва посета на Латинска Америка и в недела ќе присуствува на инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли.
Украинските медиуми неделава шпекулираа дека инаугурацијата на Милеи може да послужи како средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да се решат разликите околу кандидатурата на Украина за членство во Европската унија.
На самитот на ЕУ следната недела ќе се одлучува дали Унијата ќе ги започне пристапните преговори со Украина, која минатата година доби статус на кандидат.
Одлуката мора да биде донесена едногласно, а Орбан во повеќе наврати го изразуваше своето противење за почетокот на преговорите.