вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да преземе иницијатива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима.

Објавено на

часот

Сподели

„Улогата на нашата држава сега, колку и да е тешка, е да не ја изгуби силата и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, руските сили се обидоа да ја уништат енергетската мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја.

Зеленски им се заблагодари на војниците и командантите за нивната „отпорност и храброст“ додека се наближуваат најстудените месеци од зимата.

Изјавите уследија по претходна средба со врховниот командант на вооружените сили Валериј Залужни и команданти од различни сектори, пишува Киев Индипендент.

Оваа зима, властите предвидуваат дека земјата повторно ќе се соочи со истите предизвици како минатата година. Во октомври, претседателот Зеленски предупреди дека Русија веројатно ќе се обиде да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ