Тој за телевизијата Фокс њуз на прашањето дали мисли дека должи извинување кажа: „Не, го почитувам претседателот и го почитувам американскиот народ, мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто лошо“, пренесува агенцијата ДПА.
Украинскиот претседател оцени дека ваквиот исход на состанокот „не е добар за ниедна страна“.
Оцени и дека Трамп греши кога тврди дека тој никогаш нема да сака да потпише договор со рускиот претседател Владимир Путин, но смета дека притоа Украина мора да биде во силна позиција, пренесува Ројтерс.
Зеленски призна дека на Украина ќе ѝ биде тешко да ѝ се спротивстави на Русија без американската поддршка и оцени дека неговиот однос со Трамп може да се спаси. Додаде дека сака Трамп да биде „повеќе на украинска страна“.