вторник, 25 март 2025

Во Романија собир за поддршка на Џорџеску: „Европската Унија е таа што нè уништи, а не Русите“ (ВИДЕО)

Илјадници Романци се собраа денес во центарот на Букурешт за да го поддржат десничарскиот кандидат Калин Џорџеску, обвинет за давање лажни изјави по поништувањето на претседателските избори, на кои тој убедливо водеше.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие бараат и оставка на владата.

Обвинителството во Букурешт во средата го обвини Џорџеску за давање лажни изјави за изворите на финансирање на неговата кампања.

Една демонстрантка изјави дека мисли дека тој е олицетворение на промената.

„Некои велат дека е корумпиран, дека е проруски, но сигурна сум дека би работел добро ако е на власт“, оцени таа и кажа дека е против социјалдемократскиот шеф на државата Марсел Чолаку.

Џорџеску, кој до скоро беше малку познат, направи изненадување во првиот круг на претседателските избори на 24 ноември и изби на прво место.

Без преседан во Европската Унија, романскиот уставен суд ги поништи тие избори само два дена пред одржувањето на вториот круг на 8 декември, со тврдење за мешање на Русија во процесот. Се сомневаат дека Џорџеску профитирал од тајна кампања за поддршка на платформата Тикток, но без да пружат докази.

Џорџеску тврди дека изборите „незаконски и противуставно се поништени“ и дека не правел ништо незаконско.

Демонстранти од целата земја се собраа денес во центарот на Букурешт.

Носеа големи знамиња во националните бои со извици „Долу влада. Романија разбуди се“. Тие сметаат дека изборите се украдени бидејќи беа поништени по првиот круг на кој Џорџеску беше на првото место, а убедливо водеше во анкетите за вториот круг.

„Европската Унија е таа што нè уништи, а не Русите“, кажа еден од демонстрантите.

62-годишниот Џорџеску во средата беше обвинет по повеќе точки за лажни изјави, што предизвика гнев кај неговите поддржувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ