среда, 5 февруари 2025

Зеленски не е поканет на инаугурацијата на Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не е вклучен на списокот на официјални гости на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп дури кажа дека Зеленски, доколку сака, може да дојде неповикан.

Од друга страна, новиот американски претседател би сакал на својата инаугурација да го види кинескиот претседател Си Џинпинг. „Кажа дека нема да дојде, но ќе дојде. Зеленски не е поканет, но… може да дојде“, кажа Трамп.

Некои европски медиуми оценуваат дека ова е јасна порака на Трамп до Зеленски дека нема да продолжи да добива воена и финансиска поддршка како во времето на досегашната администрација, и дека затоа треба веднаш да почне преговори со Русија.

„Ќе разговарам со претседателот Зеленски, а ќе разговарам и со (претседателот на Русија Владимир) Путин бидејќи овој масакр мора да заврши“, кажа Трамп.

Освен тоа, тој кажа дека одлуката на владата на Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина напади длабоко во руска територија со американско оружје била глупава.

„Мислам дека тоа беше многу лоша идеја со многу негативни последици. Беше глупаво, особено неколку недели пред да ја преземам должноста“, кажа Трамп на конференција за новинарите во Мар-а-Лаго на Флорида.

Новоизбраниот американски претседател напомена и дека оваа акција не била договорена со него, ниту со неговиот тим и дека би сакал да имал можност да влијае на оваа одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ