понеделник, 24 февруари 2025

Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници

Денес се навршуваат точно три години откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина. Бројни министри и претставници на ЕУ се во Киев на самит со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Зеленски на самитот изјави дека целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува „почеток“ на завршување на војната.

Имаше 60 размени на затвореници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната, вклучително и една во декември кога беа разменети стотици затвореници. „Тоа е фер и праведна опција“, рече Зеленски, истакнувајќи дека илјадници Украинци сè уште се наоѓаат во руски затвори – некои од нив уште од руската анексија на Крим во 2014 година.

„Илјадници – илјадници луѓе се затворени во Русија“, нагласи тој. „Русија мора да ги ослободи Украинците. Украина е подготвена да размени секого за секого, и тоа е фер договор“, иако Украина не објавува официјални податоци за своите воени заробеници во Русија, се проценува дека има повеќе од 8.000.

„Мирот не може едноставно да се прогласи преку ноќ. Путин нема да ни даде мир, ниту ќе ни го понуди во замена за нешто. Мораме да извојуваме мир со сила, мудрост и единство, преку соработка со вас [лидерите на самитот]“, рече Зеленски.

Тој заклучи дека траен мир може да се постигне само ако Украина добие солидни „безбедносни гаранции“. Минатата недела Русија рече дека нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како дел од каков било мировен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ