Во интервју за Асошиејтед прес, Зеленски кажа дека Русија не сака да влезе во преговори за прекин на огнот ниту да разговара за каков било вид отстапки, кои Кремљ ги толкува како загуба во момент кога руските трупи ја имаат предноста на бојното поле.
Тој оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го доведе рускиот претседател Владимир Путин на преговарачка маса со закана со санкции кои би биле насочени против рускиот енергетски и банкарски систем, со континуирана поддршка на украинската војска.
„Милам дека ова се најважните чекори“, кажа Зеленски по изјавата на Трамп од петокот, за тоа дека американски и руски функционери „веќе разговараат“ за завршување на војната.
Трамп кажа дека неговата администрација имала „многу сериозни“ разговори со Русија, но не изнесе детали.
„Тие можеби имаат свои односи, но да се разговара за Украина без нас е опасно за сите“, кажа Зеленски.
Тој кажа и дека неговиот тим бил во контакт со администрацијата на Трамп, но дека тие разговори се на „општо ниво“ и дека верува дека наскоро ќе бидат одржани директни состаноци за постигнување детални договори.