среда, 12 февруари 2025

Зеленски: Курск во замена за украински територии

Претседателот Володимир Зеленски рече дека ќе понуди размена на територии контролирани од украинските војници во рускиот регион Курск во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија, доколку дојде до преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе размениме една територија за друга“, рече Зеленски во интервју за британски Гардијан.

Зеленски не прецизираше кои украински територии ќе ги бара за возврат. „Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет“, додаде тој. Околу 20 отсто од украинската територија на истокот и југот на земјата моментално се под руска окупација.

Украина во август минатата година започна ненадејна офанзива во областа Курск во западна Русија и сè уште контролира дел од територијата што првично ја зазеде.

Зеленски постојано нагласува дека секој план за ставање крај на војната во Украина треба да вклучува силни безбедносни гаранции од сојузниците за да се осигури дека идна руска агресија не е можна. Тој исто така предупреди дека доколку Доналд Трамп ја повлече поддршката за Украина, Европа сама нема да може да ја пополни празнината.

„Има гласови кои велат дека Европа би можела да понуди безбедносни гаранции без Американците, а јас секогаш велам не“, рече Зеленски. „Безбедносните гаранции без Америка не се вистински безбедносни гаранции“, додаде тој.

Трамп изјави дека сака да стави крај на војната во Украина, но скептиците стравуваат дека договорот може да вклучи принудување на Киев да капитулира пред барањата на Владимир Путин. Зеленски рече дека е подготвен да преговара, но сака Украина да го направи тоа од „позиција на сила“ и дека ќе им понуди на американските компании профитабилни договори за реконструкција и инвестициски отстапки во обид да ја добие поддршката на Трамп.

Трамп во петокот рече дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски оваа недела за да разговара за завршување на војната, но вчера објави дека го испраќа секретарот за финансии Скот Бесант во Киев за да разговара за ретки метали. Во неделата тој навести дека бил во контакт со Путин, но не прецизираше кога. Кремљ ниту ги потврди ниту ги демантираше овие контакти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ