среда, 25 декември 2024

Зеленски го обвини Фицо дека сака да му помогне на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини словачкиот премиер Роберт Фицо, кој ја посети Москва, „дека сака да му помогне“ на рускиот претседател Владимир Путин „да заработи пари за финансирање на војната со Киев“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словачка зависи од снабдувањето со руски гас.

Зеленски кажа дека Фицо не сака да најде решение да го замени рускиот гас и да „обезбеди енергетска независност на Европа“.

Тоа сугерира дека „тој сака да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната и ослабување на Европа“, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.

„Губиме луѓе поради војната која Путин ја почна и сметаме дека таквата помош на Путин е неморална“, додаде Зеленски.

Фицо во неделата изјави дека неговата посета на Москва е „одговор на ставот на Володимир Зеленски за гасот“.

Зеленски кажа дека Украина нема да го продолжи транзитот на рускиот гас до Европа откако важечкиот договор ќе истече на крајот на годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ