четврток, 26 декември 2024

Зеленски до европските лидери: Некои од вас се гушкаат со Путин веќе 20 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли правењето отстапки на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека тоа е „неприфатливо за Украина и самоубиствено за Европа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од последниот самит на Европската политичка заедница во јули во Британија многу се зборуваше за потребата да му се попушти на Путин, за повлекување, правење отстапки и некои од вас тука присутните силно заговараа отстапки на Путин. Тоа е неприфатливо за Украина и самоубиствено за Европа“, кажа Зеленски во Будимпешта.

Украинскиот претседател кажа дека Русија не ја почнала војната во неговата земја затоа што сака уште територија бидејќи тоа го има повеќе од која било друга држава.

„Тие сакаат глобална моќ, почнувајќи од контролата над Украина, а потоа и над сите вас, како што некогаш го правеа под советската власт. Будимпешта се сеќава како изгледаа советските тенкови. Украинските градови нема да ги заборават руските бомби. И токму како Будимпешта, секој град во Украина и сите наши земји заслужуваат безбедност и мир“, кажа Зеленски.

„Ни треба повеќе оружје, а не поддршка со зборови. Гушкањето со Путин нема да помогне, некои од вас се гушкаат со него веќе 20 години, а работите стануваат полоши“, кажа Зеленски.

„Сакам да истакнам дека војната се води на украинско тло и дека Украина е благодарна за поддршка од сите партнери. Отворени сме за сите конструктивни идеи за постигнување праведен мир за нашата земја, но Украина треба да одлучи што треба и што не треба да биде во програмата за крај на војната“, кажа украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ