Службата соопшти дека пожарите во зградите и автомобилите се изгасени, а гувернерот Иван Федоров кажа дека меѓу загинатите има две деца, како и осум меѓу десетиците повредени.
Нападот доаѓа при засилениот притисок на руските сили на украинската војска, долж линијата на фронтот од 1.000 километри, и засилени воздушни напади.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера вечерта дека големиот руски напад, во кој на 28 јуни беше уништен дел од станбена зграда во Дњепр, е дополнителен доказ дека на неговата земја ѝ се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана од сојузниците.
„Постојат начини да се совлада секојдневниот руски терор од кој патат украинските градови. За тоа е потребно да се уништат руските терористи и лансери таму каде што се наоѓаат, како и да се зголеми бројот на модерни системи за противвоздушна одбрана во Украина“, кажа Зеленски.