„Киев. Утро по непроспиена ноќ под оган. Повторно немир… Деца кои врескаат и трчаат во засолниште со звуци на експлозии се нашата реалност. Но, тоа не мора да биде така – каде било, кога било. Стравот не може да се исклучи – но не се замрзнуваме, туку дејствуваме. Украина ја продолжува борбата“, изјави украинската прва дама.
Київ. Ранок після безсонної ночі під обстрілами. Знову тривога…
Діти, що з криками біжать в укриття під звуки вибухів, – це наша реальність. Але так не має бути – ніде й ніколи. Страх неможливо вимкнути – але ми не завмираємо, а діємо. Україна продовжує боротись ?? pic.twitter.com/ctyccNORmQ— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) May 29, 2023
По серијата ноќни бомбардирања, Русија ги засили своите напади врз Киев со необичен дневен бараж на проектили и дронови.
Градската управа на Киев на Телеграм објави дека „за време на денешното гранатирање на главниот град, повеќе од 41.000 луѓе биле под земја“ и дека „повеќе од 9.000 граѓани се засолниле во станиците на подземната железница, меѓу кои 1.120 деца“.
Тие ги потсетија жителите дека „за време на тревогата можат да добијат столици и вода за пиење на станиците“. Потсетуваат дека на станиците е прилично студено, па ги повикаа граѓаните да понесат со себе топла облека.