четврток, 20 февруари 2025

Зелен хуман град бара намалување на прагот за независни кандити на избори

Минатогодишните измени на Изборниот законик со кои ефективно се попречува учеството на независни кандидати на избори се крајно дискриминирачки и го опструира политичкиот плурализам, сметаат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град за чија иницијатива утре треба да одлучи Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Со иницијативата, поднесена од група граѓани и членови на Зелен хуман град, се бара Уставниот суд да ги укине или да ги поништи измените на Изборниот законик од март 2024 година со кои драстично се зголеми потребниот број на потписи за кандидирање на независните листи на избори, додека потребниот број на потписници за политичка партија остана ист. 

За Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1% во рок од само 15 дена треба да се соберат речиси 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 година „тежел“ еден советнички мандат. 

„Потенцираме дека суштинската препорака од Венецијанската комисија во согласност со Кодексот за добри изборни практики е дека измените поврзани со прагот за собирање на потписи за кандидатура не смее да бидат пречка за кандидирање на граѓаните за јавни функции. Истото го пишува и во член 23 од македонскиот Устав ‘секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции’.  Но, со измените на Изборниот законик од март минатата година ефективно се попречува учеството на независни кандидати на избори што е крајно дискриминирачки и го опструира политичкиот плурализам. Измените, како што е практика во Македонија за сите политички партии на власт, беа донесени по скратена постапка и со целосна исклученост на јавноста. 

За споредба, за основање на една политичка партија и понатаму се доволни само 1.000 потписници, а рокот за собирање на овие потписи е цели 90 дена“, се вели во апелот на активистите на граѓанската иницијатива Зелен хуман град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ