Од страна на директорот на ФЗО, Сашо Клековски било посочено дека е важно да се отвори канал на комуникација со пациентите за да може здравствениот систем да биде поефикасен и подобар.
„Само со транспарент однос може да се гради доверба, да се решаваат наталожените проблеми и да има резултати“, истакнал Клековски на состанокот.
Граѓанските здруженија на пациенти дале предлози за да се подобри достапноста на здравствените услуги кои се однесуваат на делот онкологија, бубрежни заболувања, ретките болести. Се отвориле и теми за проблемите со породилни отсуства на жени што се занимаваат со земјоделство, проблеми со здравствено осигурување на затвореници, како и потребата од ревизија на позитивната листа на лекови и специфични предлози за начинот на набавки на лекови, информираа од ФЗО.