петок, 20 декември 2024

Здруженијата на Егејците бараат Македонија прашањето за забраната за влез во Грција на нивни активисти да го постават и во ЕУ

Случајот го пријавивме во нашето МНР и очекуваме поддршка од сите државни установи во преземањето постапки во европските институции како и протест кон Грција, се вели во реакцијата на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија по забраната за влез во Грција и прогласување за непожелна личност на Сотир Лукровски, координатор на здруженијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Изразуваме протест, револт и огорченост од потегот на грчките власти кои во саботата не му дозволија влез во Р. Грција на нашиот активист и координатор Сотир Лукровски .
Имено на Лукровски му е изречена забрана за влез во Р. Грција во наредните три години без никакво образложение .
Сакаме да истакнеме дека ваквиот потег нема да не исплаши и поколеба во нашите активности и борба за остварување на нашите човекови права и во ширењето на вистината за Егејот. Егејот е душата на Македонија“, се вели во реакцијата на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ