петок, 28 февруари 2025

Здруженија на Македонците од Егејот: Песна на Слаткар за промена на државното име, за раздор

Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија остро реагираат на дел од изречените стихови од текстот на песната „Отворено писмо“ од пејачот Марко Маринковиќ, попознат во јавноста како Слаткаристика.

Објавено на

часот

Сподели

„Споменатата песна е изведена од Слаткар во 2018 година, во еден крајно турбулентен период од поновата македонска историја, кога се решаваше едно од најзначајните прашања од независнота на Македонија, односно со Преспанскиот договор се изврши промена на уставното име Република Македонија во Северна Република Македонија под притисок на нашиот јужен сосед, Република Грција.
Оттука, очигледна е намената на самиот текст во песната, во насока на влијание кое требало да послужи кон прифаќање на новата реалност, што значело промена на државното име и редефинирање на македонскиот идентитет, како услов за прием на Македонија во НАТО и ЕУ.
Конкретно, Македонците од Егејскиот дел на Македонија, во песната именувани како ‘Егејци’ се посочени како еден од главните проблеми за ‘напредокот’ на државата, како пречка во билатералните односи меѓу официјално Скопје и Атина. Слаткар тенденциозно наметнува дека еден значен дел од македонското национално ткиво треба да заборави, да ја избрише својата меморија, за целокупната голгота и страдања на нивните предци. Дали треба да го заборавиме (избришиме) минатото за да имаме ‘подобра’ иднина? Дали тоа е пораката на песната? Особено не загрижува фактот дека неговите песни се слушани најчесто од најмладата популација во македонското општество, кое за жал се помалку е запознаено со страдањата и историјата на Македонците по потекло од северот на денешна Грција. Каква претстава ќе стекне оваа генерација за ‘Егејците’? За нешто туѓо, диво месо во македонското национално ткиво кое преку бришењето на меморијата треба во иднина да исчезне.
Генерација на која ние вложуваме енергија, време и средства да го потикнеме кај нив македонизмот и националната свест.
Или, пак, по стариот рецепт да се направи раздор кај македонскиот народ на оние лошите ‘Егејци’, кои што се виновни за сѐ и ‘ни пречат на нас, останатите Македонци, да се движиме кон правиот пат’.
Оттука, апелираме, во иднина, макар и преку вакви примери, да престанат одредени структури и индивиуалци да ги третираат Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија како ‘црна овца во општеството’. Овие Македонци се составен дел од македонското национално ткиво, и само како единствени и обединети, можеме да бидеме на правиот пат во градењете на просперитетна и силна Македонија, признаена и цената на Балканот, во Европа и Светот.
Егејската ‘војна’ и те како е задача на сите генерации Македонци, брату Слаткар“, се вели во реакцијата на Здруженијата на Македонците од Егејот – В’мбел Егеј, Свети Герман, Загоричани, Чеган, од Скопје, Форум за човекови права Скопје ОМПЕМ Битола, Незаборав, Струмица, Македонски Егеј, Штип, Здружение за човекови права, Радовиш и Републичко здружение „Т’га за Југ”, Скопје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ