сабота, 27 јули 2024
Во Паркот на франкофонијата

„Зборци“ в четврток ве покануваат на дискусија Зборообразување 2.0

На 30 мај, четврток, во Паркот на франкофонијата, ќе се одржи втора дискусија за зборообразувањето, организирана од групата јазични ентузијасти со интересно име „зборци“, чиј прв таков настан предизвика голем интерес и позитивна енергија.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Свесни за позитивниот одѕив на првиот настан, зборци заедно со укимци, или укимци заедно со зборци, сега ве покануваат на ЗБОРООБРАЗУВАЊЕ 2.0. Втората панел-дискусија ќе се одржи на 30 мај (четврток) во 20 часот во Паркот на франкофонијата.

„Приказната на зборци продолжува во ново издание!

Неодамна, како зборци, имавме можност да пласираме една важна тема во јавноста – процесот на зборообразување. Организиравме панел-дискусија каде што се запознавме со тоа како новите зборови можат да внесат свежина и длабочина во нашите секојдневни разговори. Свесни за позитивната енергија и ентузијазам што се создадоа околу оваа приказна, зборци заедно со укимци, или укимци заедно со зборци, ве покануваат на ЗБОРООБРАЗУВАЊЕ 2.0. Овој пат ќе разговараме со:

Владимир Мартиновски, актуелен декан на Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ при УКИМ;

Весна Мојсова-Чепишевска, авторка и редовна професорка на Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ при УКИМ; и

Татјана Б. Ефтимовска, професорка, авторка и една од основоположниците на идејата ‘Зборци’.

На овој настан ќе се обидеме да откриеме што всушност е можно со зборовите. Ќе зборуваме за еволуцијата на јазикот и дали таа е привилегија на одредена група или е процес во кој сите ние можеме да учествуваме.

Дали нашите најмлади ќе зборуваат македонски каков што ние го познаваме, или ние треба да го приспособиме нашиот јазик на новите генерации? Како да го задржиме автентичниот дух на јазикот, истовремено отворајќи го за нови идеи и влијанија? Дали новите зборови се резултат на нашата способност за адаптација во нови услови? Како глобализацијата и дигиталната ера создаваат нови јазични феномени што го трансформираат македонскиот јазик?

Ќе разговараме за тоа како зборовите може да бидат огледало на општествените промени, на нашите надежи и стравови, на нашите стремежи и успеси.

По завршувањето на дискусијата, разговорот продолжува! Ве покануваме на забава на која нашата драга колешка-зборец DISCONINJA ќе има свој диџеј-сет.

Ако се бориш за зборот – ти си веќе зборец! Придружи се!“, вели групата на својата фејсбук-страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ