среда, 4 декември 2024

Збогум W12: уште еден култен мотор заминува во историјата

Бил тоа посебен ден во фабриката на компанијата Бентли во близина на Кру во Англија.

Објавено на

часот

Сподели

Кога бил завршен последниот W12 мотор, машините биле изгасени и сите работници заедно со раководството на компанијата заминале на ручек.

Механичарите кои работеле на производството на моторот добиле симболичен клип од моторот како спомен на 21-годишното производството.

„Треба да бидеме горди на овој мотор, го доведе Бентли на водечката позиција во светот“, кажа Андреас Лехе, член на управата на компанијата.

Кога моторот W12 беше претставен во 2003 година, беше светски успех. Се состоеше од два V6 мотори изработени рачно со заедничко коленесто вратило.

Од него било можно да се извлечат околу 550 коњски сили, а на работниците им биле потребни околу седум часа за да ги состават речиси 2.600-те делови во совршен мелодичен оркестар.

Со време силата се зголемуваше, а моделите кои го носат овој мотор се континентал ГТ, флајинг спур како и кросоверот бентега.

Колку е моќен W12 покажа, меѓу другите, финскиот рели возач Јуха Канкунен кога во зимата 2011 го урна светскиот рекорд на мраз возејќи бентли ГТЦ суперспортс. Тој успеа да постигне брзина од 331 километри на час.

И додека W12 заминува во заслужена пензија, Бентли спреми нов мотор за своите идни модели. Тоа ќе биде V8 како дел од хибриден систем.

Би требало да биде уште помош од сега пензионираниот W12.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ