За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеролошки работи, нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени, велат од РКЕ.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од вторник попладне синоптичарите најавуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. И во следните денови ќе има повремени локални врнежи, а температурата од среда ќе бидат во позначително опаѓање.