Тој нагласи дека веќе се завршени претресите.
„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, информира денес ОЈО Скопје.
Министерството за внатрешни работи извести дека денеска (11.04.2024) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ Идризово, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија.
Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми.