Французинот имаше четиригодишна суспензија откако беше позитивен на тестостерон во септември 2023 година по мечот на Јуве со Удинезе.
Суспензијата на Погба беше смалена на 18 месеци и од денес таа официјално истече.
Во меѓувреме Погба го раскина договорот со Јувентус и сега е во потрага по нов клуб.
Интерес за него од „кремот“ на Европа моментално нема. Можеби Пол Погба може да заигра за некој од послабите клубови во најсилните пет лиги, меѓутоа постојат и опции за преселба од Европа.
Можни дестинации за Погба исто така се МЛС лигата и Саудиска Арабија од каде што постои интерес.