Крај ѓубрето на старата последна станица на ЈСП во Ново Лисиче се најде статуата донесена веројатно од некој двор. Ѕиркаат од еден нејзин дел метални прачки кои се грижеле за статиката. Паднала ли па напукнала или пак, материјалот не бил за вечни времиња, не се знае. Или, едноставно, доста ѝ беше… Крај за споменичната ера…
И така со денови статуата стои. Никому не му треба. Ниту на тие што собираат железо заради продавање во откупните места. Очигледно е дека некој ја превртел за да види дали можеби за некој лик од историјата се работи. Или само онака ја превртел.
Кој и да ја оставил, заминал без да се заврти.
Ех, вечно Скопје!
П.Џ.