Против 29 годишен скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција, два полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.
„Кога полициски службеници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна“, се појаснува во соопштението.
Во соопштението од Јавното обвинителство се додава дека јавниот обвинител ја предложил притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.