среда, 23 октомври 2024
Полицијата поднесе кривична пријава против вработениот

Затвореник од „Идризово“ доби несекојдневна можност, затворски чувар му отворил врата и го пуштил да побегне

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П. од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.

„И.П. во својство на службено лице затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18 мај 2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по член 237 став 1 и член 396 став 1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово“, соопштуваат од полицијата.

Од МВР истакнуваат дека со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот закони. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ