петок, 18 октомври 2024
Пресуда на Основниот суд Скопје

Затвор од 8 години за Драги Рашковски за случајот „Софтвери“

Објавено на

часот

Сподели

На Ивица Димитровски му се изрекува казна затвор во траење од 5 години, на Игор Христов од 5 години и 6 месеци, на Даниел Станчев затвор од 4 години, на Игор Ивановски и Маја Сиљаноска казна затвор во траење од 3 години и 3 и пол години затвор за Ирена Ивановска.

„Неколку столбови има во обвинението со акцент на оправданоста на набавките. Подоцна биле набавени стоките и услугите, а дел од обвинетите комуницирале надвор од рамките на набавката и бил фаворизиран само еден економски оператор. Одбраната не негираше, ниту го докажа спротивното дека обвинетиот Драги Рашковски е единствен пријател и познаник на сите, освен на Ивица Димитровски и Игор Христов. Забележани се чести плаќања со големи износи. Постојат докази кои потврдуваат дека обвинетите имаат познанство, но и интерес. Дел од податоците и пораките не биле избришани, а дел биле вратени бидејќи обвинетите ги бришеле. Таа комуникација има логична последователност и хронологија. Електронската комуникација се поклопува со неспорни факти“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска пред изрекување на пресудата.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Игор Ивановски, Ирена Ивановска, Маја Сиљаноска се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување од Кривичниот законик. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ